Top Sport

Јувентус со голем долг и со намален приход

Јувентус објавија дека имаат профит од 43.3 милиони евра за првата половина од годината, намалување од 28.7 милиони евра.

Претседателот на клубот, Андреа Ањели ги објави бројките до 31 декември 2017 година, со уште едно намалување на приходот за 7.8 проценти до 290.6 милиони евра. Профитот од 31 декември 2016 година падна од 72 милиоони евра на 43.3 милиони евра.

Објаснувањето за овој пад е во „намалените приходи од играчите“, трошоците за регистрација (45 милиони евра), повисоки трошоци за надворешни услуги (12.4 милиони евра), како и платите на играчите и техничкиот состав (7.7 милиони евра).

Јувентус должи 279.9 милиони евра, од кои 81.6 милиони евра се потрошени на трансфери, а заклучно со 31 декември, италијанскиот шампион има кредити во банки со вкупна сума од 546.1 милиони евра.

Scroll to Top