Top Sport

ЛШ: Нова шлаканица за Јунајтед и Солскјер, овојпат на Босфорот

Манчестер јунајтед и нивниот менаџер Оле Гунар Солскјер остануваат под притисок, откако по домашниот пораз од Арсенал, загубија и на гостувањето кај турскиот шампион Башакшехир во Лигата на шампионите во уште еден меч во кој одбраната на „ѓаволите“ не се прослави.

35-годишниот Демба Ба во 13. минута неверојатно беше оставен сам на половината на „ѓаволите“, и успеа да го постигне својот четврти гол против Јунајтед (два во дресот на Њукасл и еден во дресот на Челси), а во 40. минута, во уште една слаба реакција на одбраната, Един Вишќа донесе 2:0 водство. Антони Марсијал во 43. минута го остави натпреварот неизвесен пред второто полувреме, во кое Јунајтед доминираа, но не успеја да постигнат гол.

Во Санкт Петерсбург, Лацио со голот на Феипе Каиседо во 82. минута успеа да извлече 1:1 реми со Зенит, откако Русите беа во водство по првото полувреме со голот на Ерохин.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО

ГРУПА Ф

Зенит Санкт Петерсбург – Лацио 1:1

Клуб Бриж – Борусија Дортмунд 21.00 ч.

Табела: 1.Лацио 5, 2.Бриж 4, 3.Борусија Д. 3, 3.Зенит 1

ГРУПА Х

Башакшехир – Манчестер јунајтед 2:1

РБ Лајпциг – Пари Сен-Жермен 21.00 ч.

Табела: 1.Манчестер ј. 6, 2.ПСЖ 3, 3.Лајпциг 3, 4.Башакшехир 3

Scroll to Top