Top Sport

Одбрано друштво, во ЛШ постигнувале по гол во Мадрид и Барселона

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез влезе во одбранoто друштво на фудбалери кои успеале да постигнат гол на две тешки гостувања, во Мадрид и Барселона.

Лаутаро, во средата, постигна гол во поразот на Интер од Реал (3:2), во Мадрид. Аргентиецот, минатата сезона, успеа да постигне гол и на „Ноу Камп“, против Барселона.

Покрај Лаутаро, уште седум фудбалери во историјата биле стрелци во Лигата на шампионите, против Реал во Мадрид и Барселона на „Ноу Камп“.

Марио Жардел, легендарниот Бразиелц, ја започнал оваа серија како играч на Порто. Андриј Шевченко постигнал гол во Барселона, во 1999 година како играч на Динамо Киев, а бил стрелец против Реал во Мадрид, во 2004 година во дресот на Милан.

Дидие Дрогба, во 2003 година постигнал гол во Мадрид за Марсеј, а три години подоцна во дресот на Челси ја погодил и мрежата на Барса. Алесандре Пато бил стрелец во Мадрид и Барселона како играч на Милан. Истото тоа го направил во дресот на Баерн Минхен, Аријан Робен. Легендата на Наполи, Лоренцо Инсиње, успеал да погоди на гостувањата во Мадрид и Барселона.

Листата ја затвора Един Џеко кој како играч на Манчестер сити, во 2012 година, бил стрелец против Реал во Мадрид, а во 2018 година во ресот на Рома постигнал гол во Барселона.

 

Scroll to Top