Top Sport

Тирам јуниор ќе дебитира за Франција

Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Тирам, доби повик во репрезентацијата на Франција. Селекторот Дидие Дешам, на синот на својот поранешен соиграч, ќе смета за мечевите во Лигата на нации, против Португалија и Шведска и пријателскиот меч со Финска.

Тирам јуниор има 23 години, роден е во Парма, каде што играше неговиот татко Лилијан. Кариерата ја започна во Генган и Сошо, а од минатото лето е во Борусија од Менхенгладбах.

Досега ги минал сите младински категории во француската репреентација.

Scroll to Top