Наполи, вчера, забележа победа на „Руевица“ во Риека (2:1). По мечот тренерот Џенаро Гатузо, бил задоволен само од освоените бодови.
Наполи од пораз се спаси со головите на Деме во 43 минута и Братут кој 20 минути подоцна си постигна авто-гол. Претходно, Риека водеше со голот на Муриќ во 13 минута.
„Имавме среќа, поради тоа успеавме да се вратиме во натпреварот. На секој натпревар треба да играме како во второто полувреме. Еден ден поради вакви работи што ни се случуваа во првиот дел ќе добијам срцев удар. Лут сум бидејќи се подготвуваме за овој меч, знаевме против каков тим ќе играме. Очигледно е дека јас сум виновен што не бевме концентрирани во текот на целиот меч“, рекол Гатузо.
За Наполи до 60 минута играше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.