На тренинзите за Мото3 трката во Валенсија овој викенд имаше спектакуларен и опасен судир на двајцата тимски колеги, Шпанецот Серхио Гарсија и Јапонецот Рјусеи Јаманака, кој за среќа избегна посериозна повреда.
Двајцата возачи го користеа воздушниот „тунел“ зад нив за да ги подобрат своето време на главниот рамен дел, но Јаманака премногу се доближи до мотоциклот на Гарсија пред кривината и се удри во задното тркало на Шпанецот и излета преку моторот и на глава.
Иако првично изгледаше дека добил посериозни повреди, неговиот тим потврди дека Јапонецот е во ред. Се проценува дека брзината на судирот била околу 190 км/ч.
Team-mates collide! ?
Nasty crash for @yamanaka_ryusei, who is thankfully now back on his feet! ?#EuropeanGP ?? pic.twitter.com/v2mPxyLv03
— MotoGP™? (@MotoGP) November 6, 2020