Top Sport

Куман: Вештачки правите криза околу „одењето“ на Меси

Роналд Куман ги нападна новинарите кои го прашуваа за формата во која се наоѓа капитенот Лионел Меси, по помалку шокантните снимки од неговото „одење“ на мечот со Динамо Киев.

Меси постигна гол од пенал за да помогне за 2:1 победа над Динамо, но на Интернет најмногу коментиран беше клипот на кој тој во финишот на мечот не се обиде да влезе во дуел со играчите на Динамо и наместо тоа лежерно си одеше на теренот.

Формата на Меси е под лупа по неговата објава во август дека сака да си замине од клубот, посебно фактот што сите голови во 2020/21 ги има постигнато од пенал. Куман вели дека снимката не докажува ништо и не ја покажува ефикасноста на еден фудбалер.

„Не сум ја гледал снимката и не сум заинтересиран за тоа. Ако сакате да правите вештачки контроверзи, тоа е ваш проблем. Меси е ментално добар, ужива во спортот. Тој е победник и понекогаш минувате низ период кога топката не влегува во голот, но тој останува фокусиран. Меси има многу повеќе квалитети од обични голови и честопати е одлучувачки фудбалер. Велите дека снимката е од 93. минута, а има и фотографии кога јас седам и сум разочаран. Според вас мораме да внимаваме на нашиот имиџ повеќе отколку на фудбалот, и јас не се согласувам“, вели Куман.

Меси на удар на критичарите – Роналдо никогаш не би направил вака!

Scroll to Top