Напаѓачот на Рома, Един Џеко преку Инстаграм потврди дека е позитивен на КОВИД-19 по последниот тест направен во тренинг-центарот на тимот и сега мора да почне со периодот на карантин, што е посебно лоша вест за тренерот Пауло Фонсека.
„За жал, позитивен сум на КОВИД-19 и сега морам да го почнам периодот на карантин. Сакам да ги уверам сите кои ме познаваат, дека за среќа немам посебни симптоми. Ќе морам да останам далеку од моите соиграчи, но со умот и срцето ќе бидам со нив веќе во недела. Форца Рома“, напиша Џеко.
Тој ќе го пропушти мечот против Џенова во недела, но и мечевите на Босна и Херцеговина во Лигата на нации овој месец.