Top Sport

Јуве и Наполи не сакаат интернационална пауза, Елмас ќе биде спречен да игра за Македонија?

Угледниот италијански спортски весник „Кориере дело спорт“ тврди дека претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, сериозно размислуваат да не ги пуштат своите играчи да настапат за своите репрезентации поради КОВИД-19, што може да значи дека Македонија ќе биде без Елиф Елмас за супер-важниот бараж против Грузија за пласман на Европското првенство.

Според весникот, моќните клубови од Италија бараат од Серија А да се спротистави на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) и УЕФА и ФИФА со тоа што нема да ги пуштат интернационалците поради стравување од зараза со КОВИД-19 и можноста за повреди. Јуве и Наполи ја имаат поддршката и на Бепе Марота, директорот на Интер.

Тие сметаат дека постои преседан во ваквото однесување, со тоа што германскиот Вердер Бремен, кој забрани пет нивни фудбалери да играат за својата репрезентација.

Елмас веќе е повикан од селекторот Игор Ангеловски за мечот со Грузија, исто како и другите двајца фудбалери од Серија А, капитенот Горан Пандев од Џенова и Илија Несторовски од Удинезе. Останува да се види дали заканите на италијанските клубови ќе се реализираат.

Ангеловски го објави спискот за Грузија

Scroll to Top