Докторот на Диего Армандо Марадона, Леополд Луке, за „Радио Марка“, рекол дека легендарниот фудбалер бил напорен во перидот по операцијата. Пред три дена, во една клиника во Буенос Аирес, Марадона имаше успешна операција на мозокот.
Марадона итно беше опериран поради “субдурален хематом“. По операцијата, поранешниот фудбалер кој во Аргентина има статус на божество, веднаш побарал да биде пуште дома.
И покрај тоа што лекарите го советувале да остане во болницата, Марадона инсистирал да го пуштат на домашно лекување.
„Не се трпи. Мислам дека е ова прв пат во животот некој да му рече „Не“. Не можете да замислите колку е напорен, но ние што сега треба да го натераме да не слуша. На сите им е во интерес да оздрави и да се чуватвува подобро. Мора да ги слуша докторите“, рекол Луке.