Top Sport

Има две титули во женската НБА – Бонер ѝ се приклучи на македонската репрезентација

Со едeн ден задоцнување, поради, во овој момент, не баш идеалните авио-врски од САД до европскиот континент, Девана Бонер пристигна во Охрид.

Во хотелот „Тино“ беше пречекана како што доликува на една ѕвезда од WNBA лигата.
„Комплетното раководство на нашата федерација, предводено од претседателот Перо Антиќ, и посака добредојде на извонредната кошаркарка, трикратен шампион во најсилната лига на светот, која ќе биде дел од ноемврискиот квалификациски циклус. Односно „балонот“ кој во периодот од 12. до 14. ноември, ќе се игра во главниот град на Летонија – Рига.

По напорниот пат и заслужениот одмор, од денеска 33. годишната Бонер му се стави на располагање на нашиот стручен штаб. Го одработи утринскиот тренинг во СРЦ „Билјанини извори“, се запозна со своите нови, репрезентативни соиграчи, но и со плановите на селекторот Владимир Ѓоровиќ и неговите асистенти Срѓан Дамнјановски и Александар Ашаданов“, информира Кошаркарската федерација на Македонија на својата интернет страница.

Девана Бонер има 33 години, висока е 193 сантиметри. Таа има две шампионски титули во женската НБА со екипата на Финикс Меркјури (2009, 2014).
Бонер била петти пик на драфтот во 2009 година. По десет години играње во Финикс Мекрјури таа се пресели во Конектикат Сан.

Три пати била учесник на „Ол стар“ натпреварите, три пати била избрана за најдобар шести играч во лигата, а во 2015 година била избрана во најдобрата петорка во лигата.

Репрезентацијата ќе тренира во Охрид и во недела, по што следува враќањето за Скопје и подготвки за патувањето кон Рига. Во Скопје ќе ги чека капитенот Анџелика Митрашиновиќ, а планирано е и приклучувањето на Софија Лазареска која имаше натпреварувачки обврски со нејзиниот клуб од Италија.

Scroll to Top