Top Sport

Македонија е чекор поблиску до ЕП – Ракометарите победија во Швајцарија

Македонската ракометна репрезентација ја забележа втората победа во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство. Македонија славеше над Швајцарија, во Шафхаузен со 25:23 (10:10). По првите две кола Македонија и Данска имаат по две победи.

Македонија не одигра квалитетен натпревар, но успеа со добрата игра во одбраната во последните 15 минути да си ја обезбеди победата.

Во првиот дел Македонија неколку пати имаше предност од два гола (4:2, 7:5, 8:6, 9:7), меѓутоа лошата игра во финишот на првиот дел им овозможи на Швајцарците серија од три гола и предност 10:9. Егал на полувреме обезбеди Лазаров со голот на три секунди до крајот на првиот дел.

Првите 12 минути од второто полувреме донесоа рамноправна игра, а потоа Швајцарците стегнаа во одбраната, не примија гол три минути, постигнаа три гола и поведоа со 18:15.

Слекторот Данило Брестовац побара минута одмор, по која наговите играчи заиграа многу подобро.

Одбраната и голманот Томовски успеаја да го запрат Швајцарскиот напад, што овозможи полесен проток на топката в нападот. По серијата од пет гола Македонија го врати водство (18:20).

До крајот со рутинска игра Македонија ја сочува победата.

Капитенот Лазаров со шест гола беше најефикасен на мечот, по четири гола постигнаа Ѓеорѓиевски и Кузмановски.

http://macedoniahandball.com.mk

 

Scroll to Top