Македонија Ѓорче Петров покажа дека е сериозен кандидат за висок пласман во Првата лига, откако стигнаа до убедлива 3:0 победа на гостувањето кај Силекс, за да се трети на табелата со само три поени зад лидерот Шкендија по 11 кола.
Отпорот на домаќините беше скршен во второто полувреме, кога Фернандињо (51. минута), Филиповски (77. минута) и Халид (90. минута) ја сместија топката во мрежата на Силекс.
Ова е втора победа во низа за Ѓорче Петров со која се на третото место на табелата со 22 поени, еден зад Шкупи и три зад Шкендија, но и дури три пред Борец. Силекс остануваат на шестото место со 14 поени.
Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров