Top Sport

Во Атлетико подготвени за „лов“ на Барса

Атлетико Мадрид се во истата форма со која ја освоија титулата во 2014 година и во недела се враќаат на местото на тој славен триумф, гостувајќи кај лидерите во Ла лига, непоразените Барселона со надежи за нова титула.

Тимот на Диего Симеоне ги надмина проблемите од стартот на сезоната, во кој беа елиминирани од Лигата на шампионите, со фантастични осум победи во низа. Во последните два меча, тие ја совладаа Севилја со 5:2 и Леганес со 4:0 и сега имаат 61 поен по 26 натпревари.

Тоа е истиот број на поени кои ги имаа и во истиот период пред четири години, кога ги совладаа побогатите ривали Реал Мадрид ид Барселона за титулата, освоена со 1:1 реми на „Ноу Камп“. Атлетико нема победа во Барселона од 2006 година, а во моментов имаат четири поени помалку, иако тимот на Ернесто Валверде може да ја врати предноста на седум ако победи против Лас Палмас вечерва. Ако го победат и тимот на Симеоне во недела, тогаш ќе имаат речиси недостижни 10 поени предност на 11 натпревари пред крајот.

Каталонскиот тим со 6:1 ја „смачка“ Џирона во последниот натпревар, со Филип Кутињо, Луис Суарез и Лионел Меси во нападот. Меси и Суарез се најдобрите стрелци во Ла лига со 22, односно 20 голови, но Антоан Гризман има седум гола во последните два натпревари (четири против Леганес и три против Севилја), а тука е и Диего Коста. Тој можеби има само три гола од кам-бекот кај „јорганџиите“ во јануари, но неговата енергија го прави совршен партнер за Гризман.

„Коста не само што го подобрува Антоан, туку го подобрува цел тим со неговата енергија на теренот. Гризман е на исто ниво како во претходните сезони, но сега цел тим му помага. Подготвени сме за Барселона, кои уште немаат пораз. Време е“, изјави Симеоне.

Гризман „збесна“, Атлетико со шеста победа во низа (видео)

Scroll to Top