Top Sport

Нејмар сака да остане во ПСЖ

Бразилскиот репрезентативец Нејмар сакал и во иднина да го носи дресот на ПСЖ. Француските медиуми, во понеделникот, објавија дека преку своите менаџери, Нејмар го известил за својата желба, спортскиот директор на клубот, Леонардо.

Договорот на Нејмар со ПСЖ истекува во јуни 2022 година. Барем засега клубот не му понудил нов.

За потсетување, Нејмар летото во 2017 година, за рекордна сума од 222.000.000 евра, од Барселона се пресели во ПСЖ. Крилниот напаѓач кариерата ја започнал во Сантос.

Scroll to Top