Top Sport

Ф1 го објави календарот за 2021 година

Формула 1, во вторникот, го објави календарот за 2021 година. Наредната година во светскиот шампионат ќе дебитира трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Во календарот во кој има рекордни 23 трки, Формула 1, направи некои интересни промени.

Наредната сезона, традиционално ќе започне од Мелбурн. Викендот во Австралија на програмата е од 19 до 21.март. Наредниот викенд е трката во Бахреин, додека трета трка во сезната ќе биде Големата награда на Кина.

Четвртиот тркачки викенд е предвиден за периодот од 23 до 25.април. Формула 1 дополнително ќе одреди каде ќе се вози бидејќи отпадна Големата награда на Вијетнам.

Потоа следуваат три трки во Европа, Барселона, Монте Карло и Баку. Во календарот се наоѓа и Големата награда на Канада, иако организаторите рекле дека не сакаат да ја организираат трката без публика.

Потоа ќе се вози во Франција, Австрија, Велика Битанија, Унгарија. Една по друга ќе следуваат трките во Белгија, Холандија и Италија, а исто така во три викенди ќе се возат и трките во Русија, Сингапур и Јапонија.

По траката за Големата награда на Јапонија е американското гран-при, па следуваат трките во Мексико, Бразил. Новата трка во Саудиска Арабија е на 28.ноември, а крајот на сеозната е предвиден за 5.декември во Абу Даби.

 

Scroll to Top