Грузија – Македонија 0-0 по 45 минути на „Динамо арена“ во Тбилиси.
Нервозенно, претпазливо и максимално тактички организирано прво полувреме играат двете селекции, без многу грешки, но и без вистински шанси пред противничките голови.
Грузијците неколкупати се заканија по голот на Димитривски, најчесто над пречката, а Македонија вистинската шанса за водство ја имаше преку Пандев.
Капитенот биеше со глава од 15-тина метри, но Лорија успешно одбрани.