Влијанието на Лионел Меси во Барселона е огромно, не амо на теренот туку и во дригите сфери од животот. Имено, Аргентинецот спречил изградба на аеродром.
Меси живее во близина на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона, а изградбата на нови терминали и нова писта би значело дека авионите би летале над неговиот дом.
Аргентинецот не дозволил да се прошири аеродромот, што предизвикало излив на лутина кај сопственикот на авио-компанијата „Веулинг“
„Губиме пари бидејќи не можеме да го зголемиме бројот на летови, бидејќи Меси живеел во близина. Вакви работи не би можеле да се случат никаде во светот“, рекол Санчез Прието.
„Ел Прат“ изминатите години константно губи патници, а забраната која ја изрекол Меси дополнително ќе влијае врз буџетот на компанијата.