Top Sport

Крофорд го одбрани појасот со супер-нокаут над Брук

Американецот Теренс „Бад“ Крофорд повторно ја одбрани својата ВБО титула во велтер категорија, откако во „МГМ Гранд“ во Лас Вегас имаше импресивен нокаут над британскиот предизвикувач Кел Брук во четвртата рунда.

Крофорд (37-0, 28 КО) беше внимателен во првите три рунди, но кога тргна во напад во четвртата, нокаутот дојде експресно и тој уште еднаш покажа зошто многумина го сметаат за најдобриот боксер без разлика на категоријата на денешницата.

33-годишниот Крофорд немаше боксувано речиси цела година, откако најавениот меч со Мени Пакјао не се оствари поради пандемијата на КОВИД-19.

Scroll to Top