Top Sport

Дос Анжос со крвав камбек во лесна категорија, следен е Конор?

Поранешниот носител на УФЦ појасот во лесна категорија, Рафаел дос Анжос се врати во категоријата во која порано доминираше со крвава победа над Пол Фелдер (47:48, 50:45, 50:45) во главниот меч на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас по што го повика Конор Мекгрегор на пресметка во 2021.

Фелдер требаше да биде коментатор на „ЕСПН“ за овој меч, но оригиналниот противник Ислам Махачев се повлече поради повреда, по што Фелдер се согласи да се врати во октагонот, за на крајот да излезе крвав од него.

„Тренирав за борач, а добив класичен удирач во Пол Фелдер. Многу технички подготвен, силен. Но, моравме да направиме шоу“, вели Дос Анжос.

Тој веднаш го повика на дуел Конор Мекгрегор, со кого имаше закажано меч во 2016 година пред Бразилецот да се повреди.

„Сакам да го вратам тој појас и знам дека имам многу во мене и покрај тоа што имам 36 години. Ако Хабиб навистина е пензиониран, тогаш трката за појасот почнува. Од другите кандидати, тука сме јас и Конор, вистински поранешни шампиони“, вели Дос Анжос.

Scroll to Top