Луис Хамилтон е дефинитивно најуспешниот возач во историјата на Формула 1, откако со блескава победа на дождливото Турско ГП на Истанбул парк, ја освои својата седма светска титула, израмнувајќи се со рекордот на Михаел Шумахер, кој се сметаше дека е недостижен.
Откако оваа сезона го помина и неговиот рекорд од 91 победа во кариерата, статистиката без сомнеж вели дека Британецот е најуспешниот возач во историјата на Формула 1, додека дебатата за тоа кој беше најдобриот, најверојатно ќе се одвива вечно.
На Хамилтон му беше потребно да освои осум поени повеќе од својот најблизок ривал, колегата Валтери Ботас, но најдобар знак за доминацијата беше тоа што тој успеа да го мине Финецот за цел круг.
Саботните квалификации завршија така што Ленс Строл во Рејсинг поинт беше на првото место, кое често критикуваниот Канаѓанец успеа да го заддржи во половина трка, која стартуваше на влажна патека и постојано под закана на дожд. Меѓутоа, Хамилтон, кој стартуваше како шести, полека успеа да ги мине сите пред себе, вклучувајќи го и колегата Валтери Ботас за да се искачи на првото место.
Утеха за Рејсинг поинт може да биде второто место на Серхио Перез, човек кој нема место за 2021, кој успеа да ги остави зад себе необично брзите возачи на Ферари во неверојатно драматична завршница во последниот круг. Шарл Леклер успеа да го помине Перез по неговата грешка, но потоа веднаш и тој направи грешка, со што Мексиканецот го заддржа второто место, а на подиумот сосема неочекувано се најде Себастијан Фетел!
Во поени беа и Карлос Саинс Јуниор (Мерцедес), несреќниот Макс Ферстапен (Ред бул), Алекс Албон (Ред бул), Лендо Норис во вториот Мерцедес пред Строл на деветтото место и Даниел Рикардо во Рено.
The emotions spill out, as @LewisHamilton conquers the world for the seventh time ❤️?#TurkishGP ?? #F1 pic.twitter.com/KzqVKysLqL
— Formula 1 (@F1) November 15, 2020
Vettel congratulating Lewis Hamilton on his 7th title ?#TurkishGP pic.twitter.com/AkWD9T6MU3
— tami. (@Vetteleclerc) November 15, 2020