Басконија Виторија-Гастеиз ја прекина серијата од три порази во низа и во исто време ја зголеми кризата во турскиот Фенербахче со 86:68 победа во деветтото коло од Евролигата.
Алек Питерс беше кошмар за одбраната на Фенер, постигнувајќи личен рекорд од 25 поени 7 скока за да го подобри скорот на тимот од Баскија на 3-4. Рокас Гиедратис додаде 19 поени, а Зоран Драгиќ 16 за Басконија, додека Јан Весели беше најдобар за тимот на Игор Кокошков со 15 поени.
За Фенер ова е втор пораз во низа и сега тимот има 4-5 скор пред тешкиот меч со Реал Мадрид во четврток.
ЦСКА Москва го изддржа камбекот на Жалгирис за да стиген до 87:78 победа на гости. Откако не искористија напад за водство при 78:79 резултат на минута пред крајот, Мајк Џејмс ја постигна својата четврта тројка и оттогаш литванскиот клуб не постигна поен.
Џејмс заврши со 27 поени, Вил Клајбурн имаше 13, додека за Жалгирис, најдобар беше Мариус Григонис со 19 поени. „Армејците“ го подобрија скорот на 6-3, а Жалгирис падна на 5-4.
ЕВРОЛИГА, 9.КОЛО
Зенит Санкт Петерсбург – Химки 83:88 (27:19, 20:25, 20:19, 16:25)
Анадолу Ефес – Баерн Минхен 71:74 (23:22, 14:20, 20:8, 14:24)
Жалгирис Каунас – ЦСКА Москва 78:87 (17:26, 21:19, 20:21, 20:21)
Басконија – Фенербахче 86:68 (20:21, 25:15, 19:23, 22:9)
Валенсија – Панатинаикос 95:83 (22:21, 23:20, 25:25, 25:17)