Top Sport

Откажани сите мечеви во Серија А по смртта на Астори

Серија А ги откажа сите денешни мечеви од  27. коло, вклучувајќи го големото дерби меѓу Милан и Интер по шокантната смрт на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.

Мечот меѓу Каљари и Џенова требаше да биде започнат во 12.30 часот, но беше откажан само неколку минути пред почетокот, иако двата состави веќе беа на теренот. Ова доаѓа по барање на претседателот на асоцијацијата на италијански фудбалери, Дамјано Томаси.

Откажувањето значи дека нема да се одржи ниту „Дерби дела Мадонина“, градската пресметка меѓу Милан и Интер.

Трагедија во Фиорентина – во сон почина капитенот Астори

Scroll to Top