Top Sport

Трагедија во Фиорентина – во сон почина капитенот Астори

Фиренца е во црно! Капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец, Давиде Астори почина на 31 години во сон во хотелот во кој престојуваше пред денешниот дуел со Удинезе, кој е откажан.

„Нашиот капитен подлегна на ненадејна болест и почина. Во оваа страшна и деликатна ситуација, и во знак на почит кон неговото семејство, бараме сите да бидат внимателни и трпеливи“, се вели во известувањето од Виола.

Астори својата кариера ја почна во Милан, но не играше во Серија А за „росонерите“, пред да се пресели во тимот на Каљари. На Сердинија остана шест години и дебитираше за репрезентацијата, пред во 2014 година да биде пратен како позајмен играч во Рома. Во 2015 година тој повторно беше позајмен, овојпат на Фиорентина, кои решија да го купат, и дефанзивецот оваа сезона стана капитен на тимот, играјќи во 25 натпревари.

Фото: ЕПА

Scroll to Top