Top Sport

Рамос ќе паузира само три меча

Серхио Рамос би требало да паузира само три натпревари за Реал Мадрид, и капитенот не го очекува подолга пауза по незгодната повреда добиена при неверојатната 6:0 победа на Шпанија над Германија.

Централниот бек беше повлечен уште во првото полувреме од мечот во вторникот во Севилја, но 34-годишниот ветеран на крајот остана со повреда на бутниот мускул во десната нога и сигурно ќе ги пропушти мечевите со Вилјареал и Алавес во Ла лига, како и мечот од Лигата на шампионите против Интер, но се очекува во декември да се врати во погон.

Рамос го имаше стартувано секој лигашки меч за Мадрид оваа сезона, како централен човек во одбраната на „кралевите“ кои ја бранат шпанската титула. Со Шпанија пак, тој го сруши рекордот по бројот за настапи за „фуријата“, а тимот на Луис Енрике лесно се пласираше во финалето на Лигата на нации.

Scroll to Top