Бидејќи поминаа точно девет месеци откако Риека го направи најголемото изненадување во хрватскиот фудбал и стана шампион на Хрватска, порталот „Индекс“ јавува дека таа ноќ ќе се памети и по други работи – „бејби бум“ во градот на Јадранското море.
Минатиот викенд, точно девет месеци од титулата, во риечката болница во една недела се родени 50 отсто повеќе деца отколку минатата година, така што очигледно добро се славело!
Актуелниот шампион реши да го одбележи тоа со посета на породилниот оддел и подароци за „најмладите членови на клубот“.
„Индекс“ исто така посочува дека и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој оваа година настапува во Спортинг Лисабон, пред само пет дена стана татко, така што и тој е дел од „риечкиот бејби бум“.