Новак Ѓоковиќ вели дека сочувствува со Александер Зверев по неговите проблеми со обвинувањата за насилство од неговата поранешна девојка, и во исто време призна дека тагува по починатиот српски патријарх, Иринеј.
Зверев се најде во центарот на обвинувањата на поранешната девојка Олга Шарипова, која тврдеше дека тој емоционално и физички ја малтретирал. Ѓоковиќ по победата од 6:3/7:6(4) над Зверев призна дека му е жал за Германецот.
„Искрено не знам што навистина се случило, но ќе дознаеме. Го знам Саша од неговото детство и секогаш сме имале добри односи. Многу добро момче и го почитувам него и неговото семејство. Тажно е да се види низ што поминува. Секако, не поддржувам никакво насилство и не знам што се случило“, изјави Ѓоковиќ.
Тој исто така се наврати и на смртта на патријархот на српската црква, 91-годишниот Иринеј.
„Нека му е лесна земјата и нека почива во мир. Мое сочувство до неговото семејство и сите верници. Неколку пати се сретнавме и имав чест од него да го добијат орденот на Свети Сава“, изјави Ѓоковиќ.