Top Sport

Астори ќе потпишел нов договор во понеделник!

Давиде Астори требало да потпише нов договор со Фиорентина во понеделник, открива сопственикот на тимот од Фиренца, Андреа Дела Вале посочувајќи дека тој „ќе ја завршеше кариерата со нас“ откако 31-годишниот капитен почина во сон во неделата наутро.

Астори наполни 31 години во јануари.

„Тешко е да се стои тука, бидејќи ова е немерлива трагедија. Мислам на неговото семејство и на момците и не знам што да кажам. Тој ќе потпишеше нов договор во понеделник за да може да ја заврши кариерата во Фиренца. Требаше да се сретнеме во четвртокот, но тоа беше одложено поради хаосот со времето. Уште сум во шок. Тој беше репер за целиот тим. Зборувавме половина час по мечот со Болоња и тој ми кажуваше за новите момци во тимот и мислам дека сакаше понатаму да стане тренер или спортски директор“, изјави Дела Вале пред новинарите во тренинг-центарот на Фиорентина, каде што тимот се врати.

Фото: ЕПА

Трагедија во Фиорентина – во сон почина капитенот Астори

Scroll to Top