Манчестер јунајтед имаа многу среќа во пенал одлуките во саботата, за да стигнат до тесна 1:0 победа над Вест Бромвич Албион, нешто што наиде на лута реакција на менаџерот на гостите, Славен Билиќ.
По слабите први 45 минути, ВБА доби пенал на почетокот на првото полувреме, откако судијата Дејвид Кут одлучи дека Бруно Фернандеш го фаулирал Конор Галахер во шестнаесетникот. Но, ВАР интервенираше поништувајќи ја одлуката, откако снимките покажаа дека Фернандеш имаше прво контакт со топката, пред да го „собере“ Галахер.
Само 10 минути подоцна, Јунајтед добија пенал, но обидот на Фернандеш заврши во рацете на голманот Сем Џонстон, пред ВАР да реагира и да се бара повторно изведување откако голманот излезе од својата линија. Португалецот не згреши вторпат.
„Како да не сум разочаран со одлуката? Се чувствуваме дека сме малите Вест Бром. Сите тие клучни одлуки беа против нас. Ја гледав снимкаа неколку пати и беше чист пенал и не сфаќам зошто го поништија. Заслужувавме да водиме. Нивниот пенал? Беше несреќен, но беше играње со рака. Но, претходно имаше чист фаул и наместо 1:0 за нас, беше 1:0 за нив. Тоа е голема разлика“, вели Билиќ.
Оле Гунар Солскјер призна дека неговиот тим имал среќа
„Гледав и друг пенал ова попладне, Вила-Брајтон и таму имаше контакт на топката пред човекот. Во мојата глава можеби беше пенал, но можеби бевме малку среќни. Можеби правилата се поинакви од мојата интерпретација“, објасни Солскјер.