Top Sport

Казинс во Хјустон, ќе игра за ветерански минималец

Демаркус Казинс потпиша договор со Хјустон Рокетс. Некогаш еден од најдобрите центри во НБА лигата со „ракетите“ договорил едно годишна соработка за ветерански минималец.

Казинс ќе се обиде во Хјустон да ја оживее својата кариера, која поради неколкуте тешки повреди се движи по надолна линија.

Проблемите му започнаа во јануари 2018 година, кога ја скина Ахиловата тетива. Тешка повреда доживеа и во плеј-офот во 2019 година како играч на Голден стејт Вориорс. Во последните две и пол години Казинс одиграл само 38 натпревари.

Прашање е само како ќе изгледа тимот на Хјустон во новата сезона. Тренерот Мајк Дентони си замина, а двете најголеми ѕвезди, Џејмс Харден и Расел Вестбрук побараа да го напуштат клубот.

Scroll to Top