Тибор Иванишевиќ, голман на данскиот ракометен клуб Скјерн, имаше неверојатно издание на натпреварот против Мотор Запорожје во Лигата на шампионите.
Скјерн го победи Мотор 33:26 и по пауза од 14 години избори осмина-финале во Лигата на шампионите, а таму прптивник ќе му биде унгарскиот шампион Веспрем.
Српскиот репрезентативец беше најзаслужен за големиот успех што го постигна Скјерн, тој мечот го заврши 17 одбрани, а неверојатно делува податокот дека Иванишевиќ успеа да одбрани седум седмерци.