Top Sport

РАИ: Астори починал од излив на крвта во мозокот

Ненадејната смрт на капитенот на Фиорентина Давиде Астори ја потресе Италија и целиот фудбалски свет. Порадии смртта на 31-годишниот дефанзивец лигата ги одложи сите натпревари во Серија А кои во неделата беа на програмата.

Астори починал во сон во хотел во Удине, ноќта помеѓу саботата и неделата. Почитаниот фудбалер вчера со Фиорентина требаше да му гостува на Удинезе.

Италијанските медиум во текот на вчерашниот ден шпекулираа дека Астои починал од срцев удар, но денес државната телевизија РАИ објави дека најверојатна причина за смртта е излив на крвта во мозокот.

Scroll to Top