Top Sport

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака шестпати во кариерата и во тој сегмент се изедначи со легендарниот Пит Сампрас.

Ѓоковиќ сезонава освои најмногу бодови, 6.855. Зад себе ги остави Доминик Тим со 4.615 и Рафаел Надал со 4.050.
На четвртата позиција по бројот на освоени поени се најде Данил Медведев (4.025). Тој имаше одлична сезона, го освои Мастерсот во Париз, а потоа и завршниот турнир во Лондон.

Петтата позиција е за Александер Зверев (3.455 поени), додека шести е Русинот Андреј Рубљев со 3.425 поени.

Топ 10 листата ја затвораат Стефанос Циципас (2.495), Диего Шварцман (2.200), Милош Раониќ (1.725) и Пабло Карења Буста (1.710).

Scroll to Top