Новинари, навивачи, поранешни фудбалери не ги штедат критиките за формата во која се наоѓа Лионел Меси. На оваа тема зборувал и легендарниот Холанѓанец, Марко ван Бастен. За „Зиго Спорт“, тој рекол порачал дека „тоа не е Меси“.
„Не ми се допаѓаат неговите настапи. Тоа не е тој. Очигледно е дека не е задоволен од ситуацијата во Барселона“, рекол Ван Бастен и дополнил.
„Не ми се допаѓа како делува на теренот. Не треба да се крие тоа, игра лошо. Тој и Гризман играат како слаткари“.