Дека хулиганизмот и хаосот на стадионите не е ограничен на источна Европа најдобро се виде во неделата кога во холандската втора лига, откако хулиганите на Гоу ахед иглс влегоа на теренот и ги тепаа гостинските играчи на Де Графшап и стјуардите при резултат 0:4.
По трите брзи голови во второто полувреме, на дел од домашните навивачи им беше доста и тие излегоа на теренот, удирајќи ги стјуардите и дел од играчите на гостинскиот клуб. Стјуардите на крајот со помош на полицијата воведоа ред на стадионот во Девентер.
„Гоу ахед иглс се дистанцира и го осудува однесувањето на малата група навивачи. Засрамени сме од овој чин и ќе направиме сè виновните да бидат казнети“, се вели во соопштението на Гоу ахед иглс.