Top Sport

Жолтата лента на Пеп е иста со ИСИС или свастика?

Извршниот директор на англиската Фудбалска асоцијација (ФА), Мартин Глен влезе во шокантен напад на Пеп Гвардиола оценувајќи дека Шпанците се налутени на неговата жолта лента за поддршка на каталонските затвореници, споредувајќи ја со ИСИС и со свастика.

Гвардиола е под истрага на ФА за носењето на лентата, бидејќи официјално во англискиот фудбал не смеат да се покажуваат политички симболи. Тренерот на Манчестер сити е огромен поддржувач на каталонската независност и останува упорен во носењето на лентата.

„Го сменивме делот 4 од нашиот правилник за да се дозволи носењето на афионовиот цвет за сеќавање на жртвите од Првата светска војна. Но, работи кои можат да делат, како религиозните симболи, како давидовата ѕвезда, српот и чеканот, свастиката, ликот на Роберт Мугабе на дресот, такви работи навистина не сакаме. И искрено, жолтата лента на Гвардиола е политички симбол на каталонската независност. Можам да ви кажам дека има многу Шпанци, кои не се Каталонци и кои се многу лути. Каде е границиата? Дали ќе дозволиме значка на ИСИС?“, вели Глен.

По оваа изјава, Глен мораше да се извинува што ги спореди давидовата ѕвезда (симболот на еврејската вера) со свастиката. На ова веднаш реагираше Еврејскиот совет во Британија, посочуивајќи дека давидовата ѕвезда е национален симбол на Израел.

Фото: ЕПА

Scroll to Top