Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ и оваа година е избран за најдобар играч на Шведска и тоа по дванаесетти пат во кариерата со што постави нов рекорд. Тој наградата им ја посвети на навивачите и рече дека многу му недостасуваат на трибините.
Првата ѕвезда на „росонерите“ успешно му се врати на европскиот фудбал и за Милан, по враќањето, на 30 меча постигна 22 гола на свои 39 години.
На социјалните мрежи Ибра се заблагодари за поддршката.
„Многу е празно без навивачи и се надевам дека се ќе се врати во нормала за да можеме да уживаме во она што го правиме на терен. Без нив не е исто. Наградата им ја посветувам баш на оние кои беа покрај мене и кога бев повреден и ми даваа поддршка. Тешко беше тогаш, пред се на психолошки план“ рече Ибрахимовиќ.
Наградата за најдобар шведски фудбалер првпат ја освои во 2005 година.
? Zlatan Ibrahimovic wins the Guldbollen, Swedish Ballon d'Or Award, for the 12th time.
? pic.twitter.com/MgN4FMJEeC— Milan Reports (@MilanReports) November 24, 2020