Top Sport

Шампионот Хамилтон, нормално, е најдоброплатениот за 2020, Фетел зад него

Луис Хамилтон ја донесе седмата последователна титула на Мерцедес оваа сезона и германскиот тим во последната сезона од неговиот актуелен договор ќе му исплати 47 милиони евра за неговите услуги, со што тој е убедливо најдоброплатениот Ф1 возач.

Во извештајот на обично многу сигурната „Бизнис бук ГП“ за 2020, не се земаат во предвид дополнителните пари од спонзорите и бонусите, туку се прави листа само на „чистата“ плата за секој возач.

Ако може да се каже дека Мерцедес го добиле посакуваното со високата плата, вториот на листата не може да се пофали со тоа – Ферари му дале на Себастијан Фетел 35 милиони евра, сума која ќе биде драстично помала следната година кога ќе вози во Астон Мартин.

Рено исто така пред заминувањето на Даниел Рикардо му исплатиле 20 милиони евра, а Макс Ферстапен е четврти со 16 милиони евра за сезоната. Кими Раиконен има солидни 6 милиони евра како најискусен возач во Ф1, а неговиот колега од Алфа Ромео, Антонио Џовинаци е најслабоплатениот со 500.000 евра за 2020.

ПЛАТИ НА ВОЗАЧИ 2020

1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 47 милиони евра

2.Себастијан Фетел (Ферари) 35 милиони евра

3.Даниел Рикардо (Рено) 20 милиони евра

4.Макс Ферстапен (Ред бул) 16 милиони евра

5.Валтери Ботас (Мерцедес) 9 милиони евра

6.Шарл Леклер (Ферари) 9 милиони евра

7.Кими Раиконен (Алфа Ромео) 6 милиони евра

8.Карлос Саинс Јуниор (Мекларен) 4.5 милиони евра

9.Серхио Перез (Рејсинг поинт) 4 милиони евра

10.Естебан Окон (Рено) 4 милиони евра

11.Роман Грожан (Хас) 2 милиони евра

12.Кевин Магнусен (Хас) 2 милиони евра

13.Алекс Албон (Ред бул) 2 милиони евра

14.Лендо Норис (Мекларен) 1.5 милиони евра

16.Пјер Гасли (Алфа Таури) 1 милион евра

17.Данил Квјат (Алфа Таури) 750.000 евра

18.Џорџ Расел (Вилијамс) 750.000 евра

19.Николас Латифи (Вилијамс) 750.000 евра

20.Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) 500.000 евра

Scroll to Top