Дисциплинската комисија на УЕФА, не одиграниот натпревар во Лигата на нации помеѓу Швајцарија и Украина, го регистрира со службени 3:0 за Швајцарците.
Натпреварот беше одложен поради неколку заразени со коронавирусот во редовите на украинската репрезентација.
Оваа одлука на УЕФА, ја остави Швајцарија во А-дивизијата, во Лигата на нации, додека Украина се сели еден ранг подоло во наредниот циклус.
Двете репрезентации освоија по шест поени, поради што конечниот исход го одреди меѓусебниот скор. Украина победи на теренот во Лвов со 2.1, додека Швајцарците „беа подобри“ под административен пат. Токму службената победа ги остави во А-дивизијата.
Натпреварот во Луцерн беше одложен откако здравствените власти целатата украинска експедиција ја сместија во карантин.
Локалните здравствени власти потоа не дозволија натпреварот да се одигра иако УЕФА и националните сојузи на Швјацарија и Украина беа подготвени да го одиграат натпреварот.