Top Sport

Јокиќ се подновил со часовник од 33.000 евра (фото)

Иако многумина ја проколнуваат 2020-та година, српскиот кошаркар Никола Јокиќ годинава ја покажа вистинската класа во НБА лигата, заврши во најдобрата петорка, Денвер го одведе со конференциското финале, а не му оди лошо ниту на приватен план.

Се ожени со долгогодишната девојка, се почести со уникатен автомобил, а последниве денови е фотографиран со скап часовник.

Не му е проблем да се почести со часовнк марка „Hublot Big Bang Unico King Gold“ кој чини 33.000 евра затоа што потпиша договор со Нагетси вреден 147 милиони долари. Со тоа стана најплатениот српски спортист на сите времиња.

Часовникот кој го има Јокиќ е изработен од 18-каратно злато, кожа од алигатор и нерѓосувачки челик. Часовникот е отпорен на вода на длабочина од 100 метри.

Scroll to Top