Top Sport

Бошко Ѓуровски за Марадона: Бог го создал за да биде најдобар!

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Бошко Ѓуровски за српски „Новости“ изјави дека имал големо среќа четирипати во кариерата да игра против Диего Марадона.

„Првпат го запознав на младинското СП во Јапонија, во 1979 година. Бевме деца, Аргентина ја победи Југославија со 1-0, а Диего издоминира на теренот како и на целиот шампионат. Имам и убав спомен, фотографија од дуел со Марадона, а ја добив дури кога бев помошник на Пикси во Нагоја“ – вели Ѓуровски.

Тетовецот се сеќава и на прочуениот гол на „Ел Пибе“ на „Маракана“ во Белград во 1982 година, во дресот на Барселона против Црвена Звезда кога 90.000 „Делии“ му аплаудирале на Аргентинецот.

„Трчав покрај него, немаше шанса да го сопрам, а потоа следуваше магија. Цел стадион стана и му аплаудираше. Беше импресивен, елегантен. Уште на загревањето се гледаше дека е создаден за фудбал, топката и тој беа едно. Бог го создал за да биде најдобар! За мене тој е најдобриот, па Кројф, Пеле и Роналдињо“ вели Бошко Ѓуровски.

Scroll to Top