Манчестер Јунајтед наводно е заинтересиран за услугите на играчот на Реал Мадрид, Карлос Каземиро.
Англиските медиуми, во понеделникот, објавија дека Жозе Мурињо на Бразилецот е подготвен да му понуди идентичен договор каков што има Пол Погба, кој неделно заработува 325.000 фунти.
Каземиро на почетокот на летниот преоден рок ја одби понудата на Пари Сен Жермен и тешко е да се очекува дека нема исто да постапи и со понудата на Манчестер Јунајтед.
Бразилецот од почетокот на сезоната има одиграно 13 натпревари за Реал. Неговиот договор со „кралскиот клуб“ истекува во јуни 2021 година.