„Црвените ѓаволи“ губеа до 60 минута со 2-0 кај Саутемптон, па со страшен пресврт успеаја да дојдат до победа од 3-2.
Првото полувреме помина во доминација на домашните фудбалери.
Ворд-Праус имаше и асистенција и погодок. Најпрво во 23 минута додаде до Беднарек за 1-0, а 10 минути подоцна самиот погоди од слободен удар за 2-0.
Во второто полувреме, Јунајтед се врати во игра благодарение пред се на тандемот Бруно Фернандез – Единсон Кавани.
Во 60 минута Кавани е асистент, стрелен за 2-1 е Фернандеш. Во 74 минута веќе е 2-2, ама улогите се заменети.
Уругваецот постигна и втор гол, и тоа за победа од 3-2, во судиското продолжение, во 92 минута. Тука во улога на асистент се појави Рашфорд.
Еве ги сите погодоци: