Поранешниот селектор на Аргентина, Луис Сезар Меноти беше една од клучните фигури во кариерата на Диего Марадона. Иако не го повика на Мундијалот во 1978 година што „гаучосите“ го освоија, а на кој беа домаќини, тој, заедно со Карлос Билјардо се смета за најзаслужен за развојот на „Ел Пибе“.
По смртта на Марадона откриено е дека Меноти бил најзаслужен за неговиот трансфер во Барселона. Токму Меноти го испратил извештајот за тогаш 17-годишниот Диего Марадона до скаутот кој требало да го препорача на „Ноу Камп“. Тогаш Марадона бил дел од Аргентинос јуниорс.
„ОЦЕНКА – многу добар, извонреден
БРЗИНА – 9,5, уберзување, убрзување – 9,5, трчање со топка – 9,1, трчање без топка – 9,5, агилност – 9,5, скок – 8
ПСИХОЛОШКИ АСПЕКТИ – ментална сила – 10, отпорност на прекршоци – 10, концентрација – 10, себичност – 0, карактер – 10
ОПШТА ТЕХНИКА – Непобедлив
ПРЕЦИЗНА ТЕХНИКА – Застрашувачки добар дриблинг, моќен, храбар, одличен шут, одличен пас, максимално прецизен, беспрекорна визија, врвен лидер, знае да чува топка
ИНДИВИДУАЛНА ТАКТИКА – Комплетна фудбалска интелегенција, комплетно чувство за фудбал
ОПШТИ ЗАКЛУЧОЦИ – Млад, има неверојатна техника, дриблинг на највисоко ниво, одлични рефлекси, кратките пасови и шутот му се неверојатни“ – вака Меноти го опишал тогаш 17-годишниот Марадона, пред тој кариерата да ја продолжи во Каталонија.