Top Sport

Почина дедото на Елиф Елмас, репрезентативецот денес доаѓа во Скопје

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, синоќа, одигра околу 15 минути во убедливиот триумф на Наполи во дуелот со Рома (4:0). Елмас беше асистент за третиот гол, кој го постигна најдобриот стрелец во историјата на Наполи, Дрис Мертенс.

Елмас, бил во протоколот за овој меч, се појави и на теренот, иако пред мечот ја добил информацијата дека починал неговиот дедо, објави „Инфоспорт.мк“.

Според овој медиум, Елмас, во текот на денот треба да пристигне во Скопје, тој добил дозвола од тренерот Џенаро Гатузо да присуствува на погребот.

Scroll to Top