Top Sport

Грожан се јави од болницата: Заштитниот ореол е најдобрата работа што ја воведе Ф1

Возачот на тимот Хас, Роман Грожан, со видео-порака се обрати од болницата во Бахреин.

Грожан мораше да биде хоспитализиран, поради повредите со кои се здоби во страотниот инцидент, на почетокот на трката за Големата награда на Бахреин. Грожан удри во заштитната ограда, по што неговиот болид се запали.

„Сакам да кажам дека сум добро. Успевам да ги мрдам прстите на рацете. Пред неколку години, бев противник на воведувањето на заштитниот ореол, но тоа е најважната работа која ја усвои и примени Формула 1. Да не беше ореолот сега немаше да бидам тука“, рекол Грожан.

„Благодарност до медицинскиот тим. Се надевам дека наскоро ќе можам да одговорам на пораките“.

Scroll to Top