Top Sport

Тајсон: Пред мечот со Џонс пушев марихуана

Поранешниот светски првак во тешка категорија, Мајк Тајсон, признал дека пушел марихуана и пред дуелот со некогашниот светски шампион во пет различни категории, Рој Џонс јуниор.

Во неделата, по осум рунди, со одлука на судиите, мечот помеѓу Тајсон и Џонс јуниор заврши нерешено.

„Секако дека пушев марихуана пред борбата. Не можам да престанам. Пушев и во минатото. Морам да го правам тоа, жалам, но јас тоа го правам секој ден. Не загрозувам никого со тоа што го правам“, рекол Тајсон и продолжил.

„Таков сум. Марихуаната не влијае негативно врз мене. Тоа е она што сакам да го правам, немам друго објаснување. Нема да престанам“.

Тајсон (54) по мечот со Џонс јуниор, најавил дека повторно ќе се врати во рингот.

Scroll to Top