Top Sport

Фетел ја покажа силата на Ферари, Мекларен во проблеми

Себастијан Фетел беше најбрзиот на вториот ден на тестирањето во Барселона за Ферари, додека Мекларен повторно имаа проблеми и со новиот мотор на Рено.

Фетел во текот на попладнето го подобри времето на Валтери Ботас во Мерцедес, со време од 1:20.396 на „средни“ гуми, време кое остане најдобро до крајот. Ботас, на „меки“ гуми, беше две десетинки зад него пред во текот на попладнето да му го предаде В09 болидот на светскиот шампион Луис Хамилтон, кој сесијата ја заврши како четврт.

Макс Ферстапен во Ред бул беше трет најбрз со утринското време, а во текот на попладнето имаше проблеми и болидот му застана на првата кривина, по што паузираше еден час.  Пјер Гасли беше најдобар од л„останатите“ за Торо росо со моторот на Хонда, пред да има проблеми со сопирачките во финишот на тестот.

Нико Хилкенберг беше седми за Рено, а Карлос Саинс јуниор на осмото место во текот на попладнето. Додека фабричкиот тим на Рено имаше добар вторник, Мекларен немаа толку среќа. Штофел Фандорне имаше откажување на моторот во првиот инсталациски круг на почетокот на денот, а час подоцна проблемот се повтори. Во текот на попладнето проблемите се зголемија, сега со хидрауликата и на крајот Мекларен имаа само 38 комплетирани кругови.

Фото: ЕПА

Scroll to Top