Реал Мадрид, 13-кратниот европски шампион се најде во незавидна ситуација да зависи од другите резултати во последното коло од Лигата на шампионите за пласман во осминафиналето по денешниот 2:0 пораз од Шахтјор во Украина.
Во уште еден лош меч во ЛШ, тимот на Зинедин Зидан не покажа доволно волја да оди на победа, и направи премногу грешки, кои беа казнети од Шахтјор. И покрај ова, Зинедин Зидан вели дека е прерано да се откажуваат.
„Нема да си дадам оставка! Имавме тешки моменти и лоша низа резултати, тоа е реалноста, но мораме да продолжиме. Одигравме добро прво полувреме, но не успеавме да дадеме гол, така што сега има уште еден натпревар и ќе одиме на победа. Имам сила како и секогаш ќе го дадам максимумот исто како сите фудбалери. Ќе ја кренеме главата и ќе мислиме на следниот натпревар. Ќе продолжиме да работиме со иста мерка како и досега“, вели Зидан.
ЛШ: Украински кошмар за Реал, сега и со победа немаат сигурно место!