Тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги не беше пресреќен што неговиот тим загуби со 0:4 од Челси во средата, иако веќе беа квалификувани во осминафиналето, но во сабота ќе има шанса да се одмазди на неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид, кој му даде само 14 натпревари пред неславно да го отпушти.
Мечот ќе биде совршена шанса Лопетеги да ја врати нарушената репутација од страна на „кралевите“, и во исто време да го прати Зинедин Зидан на чекор до отказ, пред низата од три супер-важни мечеви – против Севилја, градското дерби против Атлетико и клучниот меч од ЛШ против Борусија Менхенгладбах.
54-годишниот Лопетеги, исто како и Зидан, минатата сезона освои титула, триумфирајќи во Лига Европа за враќање на врвот откако авантурата со Реал не го чинеше само репутација, туку и местото шпански селектор пред минатото Светско првенство во Русија. Во 2012 година, Лопетеги ја однесе У-19 репрезентацијата на Шпанија до титула на ЕП, една година подоцна со У-21 репрезентацијата го повтори успехот, пред со стил да ја однесе сениорската репрезентација на Мундијалот во Русија.
Но, тогаш ја направи клучната грешка. Ја прифати понудата од Реал Мадрид пред да почне првенството и беше искрен околу тоа, по што Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) го отпушти и го именуваше Фернандо Иеро за селектор. Во Реал пак, тој изддржа само два месеци, и беше отпуштен по 5:1 поразот од Барселона.
Шанса за враќање на врвот доби од страна на спортскиот директор на Севилја, Мончи, кој му донесе 11 нови засилувања и тој состави тим за една година со кој лани ја освои Лига Европа. Сега, со победа против Реал, тој би ги поминал на табелата…